Гардероберот е слика на секој маж. Никој не би сакал да има гости или некоја дама во домот, и да види дека сте тотално неорганизиран како маж.
Правите господа или џентлмени, ги чуваат своите работи на место и скоцкани се како што треба. Еве што на пример е важно и како треба да го чувате во вашиот гардеробер.
1. Користете вреќи за чување
Најчесто овие вреќи се користат за чување на оние капути кои се нежни и осетливи на прашина и треба да се заштитат, или пак за вашиот смокинг.
2. Џемперите чувајте ги сложени
Сите џемпери поради истегнување најмногу треба да ги чувате сложени на рафтот во гардероберот.
3. Сакоата секогаш стојат на закачалка
Сакоата, мора да ги чувате исправени и на закачалка. Сите знаеме дека сакоата се скапи, и не би сакале да ги уништиме туку така.
4. За кошулите користете нелизгачки закачалки
Кошулите се нежни и лесни, и лесно се лизгаат од закачалките. Затоа користете од оние закачалки со гума.
5. Пантоланите нека бидат преклопени на закачалка
Секогаш нека висат пантоланите. не ви требаат рабови кои ќе изгледаат лошо.
6. Користете кутија за часовници и накит
Не ги оставајте расфрлани насекаде по фиоките. Се оштетуваат и ќе се нервирате кога ќе ги барате. Затоа задолжително користете кутии за часовници и накит.
7. Чорапи, машни и гаќи на посебни места
Прегради за секој од нив во фиоките.