Во уште една анкета спроведена од еден светски магазин, имаше едно многу едноставно прашање од типот “Што прво приметуваа жените кај мажите?”. Одговорот е уште поедноставен. Публиката има одговорено дека покрај секогаш битните изгледот и хигиената, на прво место ги ставаат машките рамења и дланки. Не за џабе пливачите се едни од омилените фантазии на жените во светот. Затоа или започнете да ги вежбате рамењата, или купете месечна карта за на базен. А оние помрзеливите, фокусот нека го стават на дланките и нивната хигиена.