Вкусно смуди за одличен почеток на денот

Што е најажно наутро? Добар појадок, или многу моќно смути кое ќе ве држи макар до 12 часот. Ви претставуваме рецепт за едноставен и вкусен шејк, со кој можете успешно да го започнете денот кој е пред вас.

Станувањето рано, тешко дека на било кој му годи, а уште потешко дека некој има време да подготвува појадок. За појадокот ни е потребно нешто што можеме брзо и лесно да го консумираме. Утринските шејкови ќе ве наполнат со енергија и ќе ви дадат сила за целиот ден.

Состојки:

– 5 замрзнати јагоди

– една шака замрзнати боровинки

– 2 банани

– 250 мл млеко

– 50 гр овесни снегулки

Ставете ги сите состојки во блендер и уживајте во кремастиот вкус на овој шејк.

ФОТО: FreePik