Британскиот стил е закон во модата кај мажите (ФОТО)

Кога станува збор машката мода, британците секогаш биле лидери, иако, италијаните важат за пример за машка мода или пак нивната ноншалантност е идеална за секој. Британскиот стил секогаш ќе биде меѓу најпопуларните стилови поради мешавината на елганцијата и ексцентричноста. Британската мода е сепак почеток на џентлменството. На добро облечените мажи.

Британците се оние кои го измислиле костумот. Тие до ден денеска прават беспрекорни костуми со совршен крој кои ги комбинираат на различни начини. Дали станува збор за кошула џемпер или пак ролка.

Другата работа по која британскиот стил е препознатлив е неговата практичност. За добар британски стил се што е потребно е само неколку класични парчиња на гардероба. Што поедноставно тоа подобро. Бела маица, ролка, добро скроен костум.

Еден од најдобрите примери за британскиот стил е Дејвид Бекам. Тој е секогаш совршено облечен за секоја прилика. Од комбинациите со блејзери на Вимбелдон до кожните моторџиски јакни. Во британскиот стил постои флексибилност и креативност, а главната причина за тоа е променливото време кое што го има во Британија па често мажите мора да спремни на тие услови. Помеѓу оние Британци кои се истакнуваат во светот на модата или важат за мажи со стил би ги вметнале и Пол Смит, Бенедикт Камбербач, Давид Ганди, Принцот Вилјам, Еди Редмајн, Том Хиделстон.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.