Како изгледаа добитниците на изборот на Мажи на годината за 2021 (ПРВ ДЕЛ – ФОТО)

Мажи на годината, колку само звучо моќно тоа. Да се биде маж на годината е навистина предизвик и доказ дека она што го правите, го правите на едно посебно ниво.

Со оглед на условите оваа година, Мажи на годината, се врати во своето познато руво, и повторно сите посетители можеа да уживаат во една преубава гала вечер, која оваа година беше закитена со настапот на кабарето од Gold Felicia, и нивните маестрални изведувачи.

Како што е и редот на една ваква манифестација, мажите на годината, секогаш треба да бидат пример за тоа како треба да се изгледа на овој настан, а и во јавноста, да се биде пример. На настанот на 14 декември, мажите на годината, покажаа како треба да се изгледа на една гала вечер. Особено Симеон Мони Дамевски, директорот на фестивалот Браќа Манаки и режисер.

Популарниот Мони, изгледаше светски, мораме да признаеме. Облечен во црн смокинг со бордо лептир машна и појас во истата боја, со одлични елегантни чевли. Вистински холивудски џентлмен. Секоја чест. Симеон Мони е исклучително пристоен и важи за човек со светски џентлменски манири.

Горан Цветинов, генералниот директор на Нептун, исто така беше облечен како што и треба да се биде облечен за една ваква гала вечера. Горан навистина изгледаше светски во смокинг. Секоја чест за Горан.

Амбасадорот на ЕУ, НЕ Дејвид Гир, дипломатски како што и доликува, одело и вратоврска. Изглед кој е секогаш пристоен за манифестацијата каде се појавувате.

Д-р Сашко Јовев оваа година си замина со две награди, Маж на годината со најголем придонес во општеството за 2021 година и Маж на годината за 2021 година. Човекот кој неуморно се бори за животите на останатите, човекот прв направи трансплатација на срце во нашата држава. Облечен сосема пригодно во одело без машна. Основен протокол за еден ваков настан. Човекот кој покажува почит кон добрите навики, елегантност и широкоградост.

Leave a Reply

Your email address will not be published.