Мажите на годината и гостите уживаа во Антик и Бадел Блек (ФОТО)

Вистинските мажи и џентлмени секогаш знаат што е најдобро за нив. Затоа, ние како организатори на манифестацијата Мажи на годината во Македонија, оваа година успеавме да им обезбедиме врвен пијалок, нешто во кое ќе уживаат. Во соработка со Бадел и нивните нови премиум пијалоци за вистински џентлмени, Антик и Бадел Блек, вечерта на официјалниот избор сите гости уживаа во преубавите, вкусни и хедонистички пијалоци од компанијата Бадел.

Нивниот Бармен, изгледаше налик оние британски “Peacky Blinders” ликови, кој одлично се вклопи во целиот амбиент.

Погледнете како изгледаше забавата после завршувањето на настанот.

На четвртиот официјален избор се избираа мажите на годината за 2021 во 13 категории. Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Сашко Јовев, за Маж странец во Македонија наградата ја доби Дејвид Гир, Амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје.

Во категоријата Менаџер на годината за 2021 наградата ја доби генералниот директор на Нептун, Горан Цетинов, наградата за Млад менаџер отиде во рацете на Игор Милановиќ, менаџер за продажба на Huawei во Македонија, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе извршниот директор на дигиталната агенција Кара5, Војдан Карапетковски. Маж со најголем придонес во културата беше избран актерот, продуцентот и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“,Симеон Мони Дамевски, Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија. 

Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Македонското здружение на медицина на трудот, додека еден од најпознатиот македонски музички новинар и водител, а воедно и  еден од најпрепознатливите гласови, господинот Драган Б. Костиќ, се заќити со наградата Маж со трајни вредности. Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Борче Стаменов, наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Ламбро Патче,  менаџерот за односи со јавноста и комуникации на Пивара Скопје АД, додека специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Дејан Георгиевски.

Погледнете кои беа добитниците на наградите за мажи на годината за 2021 година

Leave a Reply

Your email address will not be published.