Највредни брендови на кафе во светот

Бизнисот со кафе е огромен и во него се вртат големи пари и тоа на дневно ниво. Постојат голем број на моќни брендови низ светот кои произведуваат кафе. Да се разбереме ако се најмоќни не значи дека се и најдобри..

Во светот постојат многу брендови кои се далеку помали, но се подобри. Да не ги набројуваме сега, но во следна прилика ќе ви ги напишеме. Или пак прочепкајте на нашиот сајт и ќе ги најдете оние што важат за најдобри во светот.

Еве ги оние кои се најраспространети или највредни како бренд.

Peet’s Coffee – $800 милиони

Овој бренд за кафе има неверојатни приходи од 800 милиони долари. Првиот сопственик Алфред Пит се распродаде во 1979 година, а бизнисот се смени неколку пати пред да биде превземен од компанијата ABАБ холдинг во 2012 година.

Nespresso – $5 милјарди

Никој, ама баш никој не може да сфати како може швајцарска компанија да направи бренд кој е најпосакуван во светот на кафето, а да не е тоа италијанска компанија. Неспресо, бренд на Нестле. Има приходи од 5 милјарди долари годишно, и има галопирачки раст. Во сегментот на малопродажба е на прво место, и на прво место е по домашна опотреба. Има одлични апарати за дома. Она што ги одвои од другите е добрата реклама во која главна улога е Џорџ Клуни.

Illy Cafe – $500 милиони

Еден од најквалитетните комерцијални брендови во светот има годишен промет од 450 милиони долари. Сопственост на Андреа Или ова кафе е омилено за домашна употреба во годините наназад. Фамилијарен бизнис со кафе направено и селектирано од најдобрите региони. Класиката или црвената конзерва е најомилена и е 100% арабика.

Lavazza – $2.4 милијарди

Лаваца е основана како семеен бизнис во Торино во 1895 година и сега ја водат трети и четврти генерации на фамилијата Лаваца. Со приход од 2,4 милијарди американски долари, компанијата има флота кафулиња и продавници во 90 земји. Брендот важи за „Омилено кафе на Италија“.

Starbucks – $22.38 милјарди

На првото место без конкуренција е дефинитивно Старбакс што се должи на својата бројка од приход од 22,38 милијарди американски долари што е скоро 7,5 пати поголема од најблискиот конкурент. Основана во Сиетл во 1971 година, денес има над 27.000 продавници ширум светот; со третина од овие лоцирани во странство. Помеѓу 1987 и 2007 година, конгломератот за кафе отвора во просек две продавници секој ден. Вистинските љубители на кафе, знаат дека Старбакс е далеку од квалитетот на некои брендови, и би одбрале да пијат некое друго кафе.

ФОТО: Nespresso

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: (ВИДЕО) Како да направите врвно кафе дома

Leave a Reply

Your email address will not be published.