Радован Витошевиќ меѓу 40-те највлијателни и најуспешни бизнис лидери до 40 години во Југоисточна Европа

Оваа недела, во Истанбул беа доделени наградите на Бизнис елитата „40 под 40 години“, каде Радован Витошевиќ, главниот извршен директор на myWorld и регионален директор за Јужен Балкан (Македонија, Бугарија, Косово и Албанија) ја доби престижната интернационална награда „40 под 40 години“, како дел од 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа до 40 години.

Водителот на церемонијата беше познатиот турски интерпретатор и глумец – Јусуф Емини (Yusuf Emini).

„Оваа награда претставува признание за мојата 15 годишна посветеност према работата, семејството, како и мојот придонес кон заедницата. Огромна благодарност до Business Elite’s “40 under 40” за ова признание и голема благодарност до myWorld што веруваше во мене во последните 10 години“ – изјави Радован Витошевиќ.

Радован е исто така докажан меѓународен претприемач и најпродаван македонски автор во 2020 година со бестселерот за личен развој – „Будење на свеста”.

Business Elite’s Awards претставува престижна програма за наградување и вмрежување на извонредни претприемачи и бизнис лидери, со мисија за проширување и зголемување на деловните можности и меѓународни соработки помеѓу бизнисите.

Наградите Business Elite се заштитен знак на Global Top Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада и имаат за цел да идентификуваат извонредни поединци ширум светот кои се истакнуваат по својата посветеност и професионален успех.

Leave a Reply

Your email address will not be published.