Топ 5 продавници за мажи во Скопје

Погледнете дел од најдбрите места во нашето Скопје каде што ќе можете да си ги најдете вашите најнови фармерки, да си одберете најнов костим, некој мангупски аксесоар или слично. Ви гарантираме дека овие пет продавници кои ќе ги видите во продолжение се вистинските места за вас. Господа се ближи Новата Година, мислиме дека е крајно време да се подновите со нешто. Погледнете ја нашата листа подолу и спремете се за шопинг.

Костими

SIGNORI

Не е важно дали го купувате вашиот прв костим или десети, важно е дa го одберете најдобриот за вас и да одите кај вистинските луѓе кои ќе знаат што е најдоброто за вас. Секој маж треба да цели да дојде до перфектно рачно изработен костим. За тоа тука е SIGNORI. SIGNORI е македонски бренд создаден за мажите кои посветуваат внимание на својот изглед и кои сакаат да носат уникатни и софистицирани одела.

Пури, алкохол и аксесоари

LGA STYLE & LUXURY

Опремена со стил, во кој преовладува масивното дрво и стаклените површини LGA STYLE & LUXURY ви дава чувство дека не сте во центарот на Скопје. Дрвото како детал е одлична асоцијација на алкохолот и пурите. Она кое импресионира е големиот хумидор каде можете да најдете огромен избор на пури од Мексико, Никарагва, Домениканската Република, Еквадор, и други земји кои се препознатливи по добриот и квалитетен тутун за производство на пури. Сите уживатели имаат можност да купат и некои од задолжителните аксесоари за пури како секачи и бренери. Во LGA STYLE & LUXURY имате буквално се, познати брендови на виски и коњаци, квалитетни македонски, италијански и француски бели и црвени вина, шампањи.

Часовници

B WATCH

B-Watch е компанија која е дистрибутер на брендовите CASIO, ESPRIT, ESPRIT накит, FESTINA, LOTUS накит, CERRUTI 1881, PIERRE CARDIN. Дополнително, компанијата поседува и сопствен сервис кој се наоѓа во Старата Скопска Чаршија. Компанија која е лидер во дистрибуција, продажба и сервисирање на брендирани часовници.

Кежуал изглед

TIMBERLAND 

Моден бренд кој има за цел да направи разлика во животот на потрошувачите. Timberland  произведува обувки и облека за сите категории на потрошувачи. Timberland работи со висока технологија со цел да обезбеди квалитетни производи, кои се удобни да се носат преку целиот ден и се во добра форма во текот на целата година. Истовремено, општествената одговорност кон животната средина е главниот принцип според кој фукнционира оваа компанија.

Елегантен изглед

BITSIANI

Елегантните јакни и кошули, ќе направат да изгледате елегантно и атрактивно. Нивниот модерен крој и дизајн се совршени за секоја пригода. Освен елегантните сакоа, Bitsiani нуди голем број на маици и убави џемпери. Убавите и високо квалитетни материјали ги прават џемперите топли и комотни, така што, тие ќе ви станат вашиот најдобар пријател во текот на зимата. Се разбира, со изборот на овој бренд ќе бидете подготвени и за дожд, па тука можете да се опремите со елеците или јакните кои се водоотпорни. Елегантни одела за сечиј вкус.

Leave a Reply

Your email address will not be published.