Што секој маж треба да исфрли од гардероберот?

Старата гардероба носи несреќа. Барем така велат старите. Парчињата гардероба кои се носени или стојат во плакар околу 7 години, носат несреќа. Но, тоа се само бабини деветини. Можеби, не е лошо да се обновува гардеробата во текот на годината, или да се чисти гардероберот од премногу гардероба. Еве што на пример не треба да чувате во вашиот гардеробер.

Чевли со квадратни врвови

Стилот кој го достигна својот врв во доцните 90-ти. Иако голем дел од облеката веќе сите ја заменија со помодерна и ги следат светските стилови, овие чевли сеуште можеме да ги видиме кај некои мажи. Секако, треба да го носите тоа што прави да се чувствувате удобно, но доколку сакате да изгледате подобро тогаш заменете ги овие чевли. Доколку чевлите со потесни врвови ви се понеудобни подобро земете поголем број.

Поголем број на костум

Велат дека нема маж кој изгледа лошо во костум, но ова е најголемата лага. Доколку тој ви е премногу мал или уште полошо, премногу голем тогаш се зголемуваат шансите да изгледате полошо отколку во маичка и фармерки. Ако сакате да го избегнете ова, направете костум по мерка.

Хибридот чевли-патики

Уште еден пар чевли на кои им заврши славата. Таа необична комбинација на горен дел од чевли и ѓон од патики многу дизајнери знаеа да го искомбинираат убаво, но за жал не и голем дел на мажи кои ги носат.

Премногу искинати фармерки

Можеби не се согласувате, но фармерките без искинати делови изгледаат подобро кај мажите. Сепак, подобро е да носите здрави фармерки толку многу дури не почнат да изгледаат вака. Исфрлете ги од плакарот, тие веќе не се ни модерни.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.