Акните како причина за намалена самодовербата кај мажите

Без разлика на вашата самодоверба, само неколку акни може лесно да ја разнишаат. Што се всуштност акните? Наједноставно, акните се формираат кога вашите пори ќе се затворат, односно мртвите клетки од кожата се заглавуваат во порите и помешани со себум, бактерии и нечистотија од надворешната средина.

Што ги предизвикува акните? Најчесто станува збор за генетика, бактерии и хормонални промени. Но, исто така може да влијае и честа промена на навлаки за перници, храна богата со шеќери или масна храна, одложено туширање после вежбање или носење на облека која не дозволува вентилација на кожата.

Како еден од најчестите причинители се појавува и стресот. Всуштност стресот е тој што предизвикува промени во хормоните и создавање на повеќе себум.

Недостаток на сон, конзумирање на алкохол и кофеин се исто така важни фактори.

Акните можат да се појават насекаде на телото, но нивната појава може да се избегне со носење на облека од природни материјали, здрава исхрана, хидратација и внимавање на хигиената како најважен фактор.

Но, без разлика на се не смеете да дозволите да влијае на вашата самодоверба. Прав маж се носи со сите проблеми гордо.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Самодовербата е клуч за успехот, особено кај жените

Leave a Reply

Your email address will not be published.