Сомелиер е селектор на виното. Уште од 18 век, овој збор бил препознатлив низ француските шатоа. Сомелиер е нешто кое е насекаде препознаено, тоа е лице кое има познавање од многу работи. Кај нас има курсеви и школи за едукација на сомелиери.
Дали во виното е вистината? Што значи тоа? Виното знае да чува тајни. Црвеното вино докажано не опушта, и не прави искрени и опуштени. Со врвно вино доаѓаме поблиску до вистината.
Ова го вели еден од најдобрите сомелиери и познавачи на виното кај нас, Александар Вучковски.
Македонците во глобала знаат да препознаат добро вино, знаејќи дека имаме врвни вина и имаме можност да уживаме во одличните комбинации на храна и вино.
Кога ќе споиме вино и џентлменство, служњето на вино е протокол кој е сам по себе џентлменски чин. Домаќинот секогаш прв го пробува виното и го одобрува. Потоа се послужуваат дамите први, секогаш. Во правец на сказалките.
Погледнете го ова одлично интервју со Александар Вучковски во Џентлмен Магазин.