АЛЕКСАНДРА БЛАЖЕВСКА, ИНСПИРАТИВНА НАСТАВНИЧКА: „ЗА 10 ГОДИНИ, СИТЕ ЌЕ УЧИМЕ ОД СЕГАШНИТЕ МАЛИ НАУЧНИЦИ“

Новиот херој во видеото на Халкбанк е Александра Блажевска, наставничката по хемија и природни науки во ООУ „Јан Амос Коменски“. Таа од сѐ срце ја раскажува приказната за светлоста во нејзината професија – едукација на малите љубопитни научници. Преку невообичаени експерименти на своите предавања, Александра активно вложува во едукацијата и љубовта на децата кон природните науки. Со нескриена љубов и со воодушевување кон детската љубопитност, таа вели: „Влогот во образованието е влог во иднината на човештвото“. 

Погледнете го видеото за наставничката што секојдневно ги воодушевува малите брилијантни умови, чија љубопитност ќе ја направи сечија иднина блескаво светла! 

Видеосеријалот „Иднината е светла“ е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина. 

Погледнете ги видеата од видеосеријалот на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published.