Анализа новите мерки, нов удар за економијата – моловите и дуќаните празни

Силен удар врз стопанските субјекти и влез во подлабока економска криза до крајот на годината е очекуваниот ефект од новите владини мерки кои се донесоа како заштита поради влошената епидемиолошка состојба. Додека и епидемиолозите се сомневаат дали на ваков начин ќе се спречи навремено ширењето на коронавирусот, поголем дел од мерките кои се за ограничувања само за невакцинираните граѓани ги испразнија трговските центри во кои работат доста економски субјекти, а каде носењето на маски е задолжително покрај сите дополнителни мерки во нив. 

До сега сме сведоци дека од почетокот на пандемијата, трговските центри секогаш беа голема поддршка во борбата против КОВИД-19. Додека немаше рестрикции за невакцинираните посетители, бројот на заболени беше дури под 5 луѓе во некои периоди. Иако, трговските центри и дуќаните претрпеа големи загуби во последната 1,5 година од почетокот на пандемијата и сеуште не се опоравени, сите безбедноси протоколи беа имплементирани со најголеми заложби. 

Ова е показател дека трговските центри не се места каде што се шири вирусот. Носењето маски е задолжително во трговските центри, има ограничувања на бројот на посетители во продавниците, постојат сигнализации за одржување на растојание, во секој агол постојат средства за дезинфекција, има распоред за дезинфекција на сите места со кои посетителите стапуваат во контакт, сите системи за вентилација се чистат и дезинфицираат редовно.  

Додека трговските центри и трговците се опоравуваат од големиот удар, оваа одлука целосно ќе го уништи секторот.
Според новите правила за влез во моловите и угостителските објекти потребен е сертификат за вакцина или потврда за прележан вирус во последните 45 дена, но во мерките не спомнува негативен ПЦР тест. Дел од јавноста останува збунета.
Со новите мерки веќе има намалување на прометите  и посетеноста на сите продавници вклучувајќи ги и супермаркетите кои се наоѓаат во склоп на трговските центри поради неможност на потрошувачите да влезат во моловите дури до 40 %со тоа што повторно се соочуваме со економски пад,  изјавија од Рамстор и Капитол Мол.

Нискиот процент на вакцинирани граѓани меѓу наслението од 18 до 50 години години кој официјално не е соопштен но е под 30 отсто најверојатно ќе значи сериозен пад на работата на многу компании кои работат во малопродажбата, во угостителската  и услужната дејност. Деновиве, а по стапувањето на сила на новите правила и протоколи секојдневно осамнуваат празни ресторани и кафулиња, речиси комплетно празни се трговските центри. Во моловите, особено во поголемите, на удар се супермаркетите како и трговските објекти за продажба на облека, книжарници, дуќани за бела техника, но и угостителските објекти, а стануава збор за неколку стотици такви во главниот град. Се уште нема точна пресметка за падот на продажбата и прометот, но се тврди дека загубите се значајни и тоа за само неколку дена. 

За лошиот ефект на мерките реагираше и Сојузот на стопански комори (ССК), вчера. Тврдат дека се неприменливи, имаат многу нејаснотии, но уште поголем е ударот за компаниите. 

„Дополнително, ваквата селективност и некоординираност во постапувањето со носење на неспроведливи и дискриминаторски мерки го отежнува економскиот тек и ја влошува и онака тешката финансиска состојба на претпријатијата и влијае на зачувување на работните места. Сојузот на стопански комори на Македонија е за воспоставување систем на заштита, но со мерки кои се логични и недискриминаторски, со кои не само про-форма, туку навистина ќе се постигне заштита на сите граѓани“, велат од ССК.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Ракција од трговските центри и моловите

Leave a Reply

Your email address will not be published.