Апликацијата Angry Birds 2 сега е достапна во AppGallery

Мобилната апликација Angry Birds, која е преземена повеќе од 4,5 милијарди пати ширум светот, сега е достапна во AppGallery за да им даде можност на растечките корисници на Huawei да уживаат во популарната игра.

Angry Birds е широко признаена како игра што ги постави мобилните уреди како важна платформа за игри, а Angry Birds 2 е таа што се грижи за популарноста на брендот, обезбедувајќи возбудливо дејство и вистинско искуство на повисоко ниво.

Покрај играта, корисниците на Huawei наскоро ќе можат да ги прилагодуваат своите телефони со дизајни од Huawei Themes и Angry Birds 2, а сопствениците на паметни часовници или фитнес нараквици ќе можат да преземаат специјални ликови на дисплејот со Angry Birds 2.

(Прикажаните слики се само за илустративни цели и реалните дизајни можат да бидат различни)

Huawei ја поддржува играта помагајќи им на корисниците да уживаат во неа и да комуницираат со Angry Birds надвор од AppGallery, што го олеснува влегувањето во духот на играта преку повеќе канали и уреди. Покрај тоа, играчите од Европа ќе можат да добијат 50% поврат на средства на првата трансакција за време на играта и 20% на втората[1].

“Многу сме возбудени што Angry Birds 2 ќе биде достапна на милиони нови корисници ширум светот, благодарение на нашето партнерство со AppGallery”, изјави Мика Линдгрен, потпретседател на развој на деловни активности во Rovio. “Мисијата на Rovio е да создаде радост и секогаш сме среќни кога нашите игри ќе допрат до нови корисници. Се надевам дека многу нови играчи ќе влезат во забавата наречена Angry Birds, користејќи ги сите фантастични опции за игра што се на располагање.”

“Сите ги сакаат Angry Birds, секој ги играл во одреден период, тоа е веројатно една од најпознатите игри. Среќни сме за корисниците на Huawei и со нетрпение очекуваме да ја видиме една од најдобрите игри во AppGallery. Исто така сме возбудени што работиме со Rovio и благодарни за нивната доверба и соработка. Остануваме посветени на поддршка и соработка со развивачите на апликации за да понудиме на нашите клиенти игри кои ќе ги сакаат”, вели Дерек Ју, потпретседател на Huawei за Централна и Источна Европа во Huawei Consumer Business Group. 

Како една од најбрзо растечките продавници за апликации ширум светот, AppGallery се обидува да соработува со водечки брендови и развивачи на игри, како што е Rovio, чии игри привлекуваат најголема публика. Ова ѝ овозможува да нуди возбудлива, предизвикувачка и забавна содржина, поврзувајќи ги корисниците со игрите што најмногу ги сакаат и програмерите со нов и неискористен пазар.

Гејминг категоријата е на врвот на листата за проширување на портфолиото на AppGallery со 500% повеќе игри во моментов достапни, за разлика од минатата година. Компанијата исто така создаде посебен оддел, кој беше претставен заедно со новиот дизајн на продавницата за апликации на почетокот на оваа година. Функцијата им овозможува на корисниците лесно да наоѓаат игри и содржина, согласно нивните интереси.

Како дел од развојот на својот екосистем, Huawei тесно соработува со повеќе од 4 милиони регистрирани развивачи за да обезбеди на своите корисници нова содржина на платформата со повеќе од 134,000 апликации интегрирани со HMS, платформата за мобилни услуги на Huawei.

Angry Birds 2 е достапна за преземање ширум светот, за повеќе информации, посетете го линкот.


[1] Промоцијата важи од 1-14 јули

Leave a Reply

Your email address will not be published.