Студирањето на најпрестижните универзитети во светот е веќе поедноставно. Сега секој може да биде дел од некој од најпрестижните и најдобрите универзитети. Key West University важи за еден од најпрестижните американски универзитети кои нудат можност на македонските граѓани преку онлајн настава да се стекнат со една од највредните дипломи во светот.
Универзитетот е основан од група меѓународни професионалци од бизнис сферата и професионалци од областа на образованието со над 40 години искуство. Конекциите кој што ги имаат со глобалната деловна заедница им даваат силно разбирање за вештините кои што им се потребни на студентите за да изградат успешна кариера во бизнисот, во правото и во живото генерално.
Идните студенти сега имаат единствена можност да добијат стипендија за меѓународно партнерство која опфаќа 50% од вкупната школарина за магистерската програма за Бизнис администрација (MBA) со избор на специјализација во три насоки:
• MBA in HR Management
• MBA in Data Analytics
• MBA in Logistics and Supply Chain Management.
Програмата се одвива онлајн на англиски јазик, а крајниот рок за аплицирање за стипендијата е 8 Јули 2021 година, со што примателите на стипендијата мораат да се запишат во есенскиот семестар, кој што започнува на 11 октомври 2021 година. Стипендијата е спонзорирана од партнерскиот Moscow University of Finance and Law, и е во износ од 5.148 долари.
Стипендијата се доделува на конкурентна основа. Критериумите за оценување вклучуваат академски квалификации, релевантно работно искуство, мотивациски есеј и интервју за стипендија кое што ќе се одвива со член на комисијата за избор на кандидати.
Стипендијата се ревидира на крајот на секој академски период и условот за да се задржи е следен:
• Да се оддржи минималнен просек 3.0 (на скала до 4.0) – Grade Point Average (GPA);
• Да се завршат минимум две (2) предметаквартално;
• Да се служи како амбасадор на универзитетот во промотивни активности.
Според Радован Витошевиќ, регионален извршен директор на myWorld International, Key West University е шанса за секој која не смее да се испушти.
„Најважната инвестиција која еден човек може да ја направи е да инвестира во себе. Токму тоа го направив и јас, се школував на некои од најпрестижните универзитети, за да започнам со докторски студии нво Америка на Key West University. Го одбрав Ки Вест поради можноста да ги комбинирам студиите со моите работни обврски. Ми се допадна можноста да студирам онлајн и да се едуцирам од едни од најдобрите професори и професионалци во светот.“.
Бидете и вие дел од кругот на успешните професионалци кои што студирале на овој престижен универзитет и аплицирајте на следниов линк https://kwu.org/apply-now/.