Аљоша Симјановски: Џентлменството е воспитание и е основа во срцето (ВИДЕО)

Во нашата емисија имавме чест да разговараме со еден исклучителен џентлмен, со кој ќе ве навратиме низ времето кога се почитувале вистинските вредности и кога се негувале добрите навики.

Наш гостин е Аљоша Симјановски, режисер, публицист, композитор…

Роден е во Скопје, каде што и дипломирал на Филолошкиот факултет на УКИМ. Неговото работно искуство во Македонската радио и телевизија се протега низ 40 години, низ кои бил редакциски уредник, одговорен уредник на документарната програма и контактно-рекреативна програма, одговорен уредник на Првиот програмски сервис, како и в.д. извршен директор на МРТВ. Автор и режисер е на повеќе документарни филмови, меѓу кои и „Сестри“ (1992), „Менка“ (1996), „Чедо“ (2009), на краткиот игран филм „Мојата љубов Чарли Паркер“ (1994) и на играните филмови „Пикасо“ (1987) сценарио, режија, музика и „Стапица“ сценарио и режија – музика (2007), како и на книгите „Хипер живот“ (2012), „Мерил Стрип во Скопје 2014“ 

Во разговорот има што да се слушне и да се научи од овој џентлмен.

Ќе ве запознаме со приказната за еден од најголемите џезери на сите времиња, Мајлс Дејвис.

А, имаме и супер прилог за да дознаете која е разликата помеѓу custom made кошулите и кошулите од продавница?

Погледнете ја целата емисија

А, сите вие кои не сте ја погледнале емисијата со Тимчо Муцунски погледнете ја тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.