Бизнис тактики: Како да добиете доверба од клиентите?

Во бизнис светот, некогаш е неопходно да убедите некој да ви се придружи и да ве поддржи или пак да купи нешто од вас. За да го постигнете тоа, мора да имате на ум дека вие треба да ги убедите останатите дека нудите нешто квалитетно и потребно за другите.

Сендвич од три производи

Имате два производи и никој не го купува најскапиот. Размислете кој е третиот производ кој можете да го внесете, со што ќе направите тој поскапиот да биде во средина. Единствената улога на третиот производ е да го направи оној поскапиот да делува примамливо.

Преговарајте некаде на ручек или пијачка

Околината многу влијае на тоа како клиентот ќе се чуствува додека преговарате за некоја бизнис зделка. Многу полесно можете да се договорите доколку седнете некаде на ручек во пријатна атмосфера или пак на пијалок во некој бар.

Зборувајте брзо

Кога зборувате брзо, вие давате слика дека не зборите на празно, односно се што сте кажале, стоите до тоа.

Услуги барајте на крај од работнот време

Кога луѓето се уморни и едвај чекаат да стигнат дома, не се доволно сконцентрирани и стабилни. Затоа нема многу да размислуваат за вашите молби и шансите да ги прифатат се поголеми.

Дадете фокус на она што го давате, а не на она што го барате

“Ќе ви дадам попуст за овој пакет“. Зборот давам ги отвара луѓето. Секој е спремен да прими понуда, отколку едноставно да даде пари. Кога зборувате за работа со клиентите, секогаш фокусирајте се на тоа дека тие добиваат нешто од вас

Leave a Reply

Your email address will not be published.