Боми 10 Логистик, започнува со редовни линии на релација Србија – Македонија, Словенија – Македонија и обратно

Една од водечките лoгистички компании кај нас, Боми 10 Логистик, започнува со редовни линии на релација Србија – Македонија, Словенија – Македонија и обратно. Утоварите се со фрекфенција еднаш неделно и се однесуваат на збирни пратки.

Се со цел зголемување на ефикасноста и експедитивноста на испораката преку надворешната логистичка мрежа на Боми 10 Логистик, се овозможува преземање од врата на целата територија на Србија и Словенија и доставата до врата, со можност за спроведување на сите извозно-увозни процедури.

Пратките кои се увезуваат преку нивната редовна линија Србија/Словенија-Македонија ќе бидат истоварени во царинското складиште на Ј.Ц.С Бард Логистик и доставени до врата по Ваш налог, а во случај да увозното царинење се врши во друга царинарница, нудат и други локални транспортни услуги до одредишната царинарница.

Надвор од транспортот на збирни увозни пратки, лгистичката компанија Боми 10 Логистик може да ви излезе во пресрет и со збирен транспорт за извоз.

Боми 10 Логистик е една од водечките логистички компании во Македонија која обезбедува интегрирани решенија во полето на меѓународен транспорт, шпедиција, царинско складирање и локална дистибуција. Со повеќе од 150 вработени, над 60 возила и логистички центар на 42 000 м2 површина нуди логистички услуги кои се синоним за квалитет, сигурност и експедитивност. Боми 10 огистик има повеќе од 35 годишно изкуство во доменот на меѓународен транспорт.

Leave a Reply

Your email address will not be published.