Друштвените или социјални мрежи веќе одамна го добија статусот на порок во општеството. Оние кои не веруваат, а ги користат, би требало да пробаат да се исклучат на некое време, но да продолжат да егистираат нормално и да ги извршуваат своите обврски, па ќе дознаат дали се и колку се зависни од нив.
Offline is the new luxury! Така гласи една порака која се споделува на интернет, и во која секако има вистина, ако ништо друго бар отсуството на социјалните мрежи ви носи мир и психолошка стабилност, што во ова време на живеење и тоа како е луксуз.
И додека гомила од луѓе постојано се боти за коментари и лајкови на социјалните медиуми, еден модерен Робинзон Крусо, ужива во мирот без нив, на некоја планина, или додека вози велосипед, или пак на некоја плажа некаде. Не е ни важно каде, важно е исклучен од секојдневните глупости кои придонесуваат за немир кај сите нас.
И тој човек некогаш знае да запали нет, и да ни пушти една фотка со добра порака на пример како #NoStressAtAll.
Да се вратиме назад на темата порок. И покрај тоа што се означни како порок, социјалните медиуми се означени и како дијагноза. Тоа може да ви го потврдат психијатрите доколку би ги прашале со какви проблеми им се обраќаат модерните пациенти. Меѓутоа, социјалните медиуми, можат да бидат и психотерапија, доколку правилнио ги користите.
Она што денеска се случува, за многу од нас е nonsens, но фактот дека они се креирани да не поврзат, во суштина се повеќе разделуваат. Звучи неверојатно, но тој ефект се постигнува и кога луѓето ги користат за да дојдат до девојка или дечко, што е еден од најчестите причини за користење. Но, ако можеме да им веруваме на статистиките, јасно е дека луѓето најмногу користат социјални мрежи за да можат да го кажат своето мислење, а никој не го бара. Е тука доаѓаме до оној проблем на Бон Тон на социјалните медиуми. Дали и колку секој од нас знае што е бон тон на социјалните медиуми? Накратко ќе се вратиме на социјалните медиуми и мислењето кое секој сака да си го каже. Не сфаќаат дека нивното мислење не не интересира. И поради тоа што никој не го интересира, за да привлечат внимание, секој од тие “будали” се служи со најпогрдни зборови кои некад може да се слушнат. И мислат дека постигнале нешто? Не, не. нема ни да постигнат. Која е целта на тоа ниво на комуникација? Така нема да привлечат внимание за жал. Небитни се. Едноставно кажано тие станаа полигон за истурање на најгрдите зборови што постојат.
Бон Тон е креиран за сите нас, да знаеме да се однеуваме како што треба. некој ќе рече дека сме 21 век и дека сето тоа е застарено, но добрите навики и бон тонот не илегуваат од мода. Никогаш. Да во 21 век, треба да се апдејтува бон тонот и да има вклучено и социјални медиуми во него. Се сложуваме.
На вакво бојно поле, Бон Тон-от ја загуби својата битка. И така се губи и во реалниот свет, но пак за тоа се криви социјалните мрежи. Но, нејсе. Ние стоиме на фактот дека може да бидеме џентлмени и покрај сите препрекиу. Се што треба е да започнеме од самите себе, од нас. Да сакамед а бидеме различни од другите, да бидеме подобри од другите. Добриот збор железни врати отвора, не ја заборавајте оваа стара поговорка. Наше е да се возиме по тој пат, а за оние другите што немаат намера да се корегираат, нема место во нашиот свет. Магла, што би им рекле тет а тет.
Бидете џентлмени, негувајте добри навики! Можеме и мораме да бидеме подобри. На здравје!
ФОТО: Unsplash