Џентлменството се некако се поврзува со Британија со монархијата нивна, дека од таму потекнуваат тие благородни семејства кои имале висок углед во јавноста. Добриот начин на однесување, доброто облекување, и навиките ги става токму на тоа место. Вратете се назад ќе видите дека тие носеле одела, капути, шешири, многу порано, а и биле индустриски револуционер.
Денеска во Британија има сеуште вистински џентлмени, луѓе кои уживаат некаков углед во јавноста. Денеска ќе ви ги прикажеме дел он нив.
Ричард Каринг – Бизнисмен, во модната индустрија, стопанственик
Роланд Руд – Роланд Руд е ПР професионалец кој е основач на Финсбург ПР агенцијата во Британија. Човек со стил, и важи за вистински џентлмен.

Џорџ Озборн – Политичар и уредник. Човек кој негува врвен углед во Англија. Интелегентен и секогаш одмерен
Сер Пол Смит – Британски дизајнер и основач на брендот Пол Смит кој го има насекаде во светот. Харизматичен човек со светски манири кој има големо влијание во Британската мода.

Џереми Кинг – Човек кој важи за еден од најголемите угостители во Британија, кој сеуште го негува британскиот начин на живот, особено кога се работи за услужната дејност и навиките.

Ник Гримшо – ДЈ, радио водител на Радио 1 во Лондон. Лик кој сите го сакаат, не само поради неговиот глас туку и неговото космополитско однесување.

Руфус Норис – директор на Националниот Тетар во Лондон. Човек кој важи за многу моќен во тој свет.

Гај Ричи – режисерот кој сите го сакаат. Човек со посебен стил. Уметник.
Џорџ Бамфорд – бизнисмен сопственик на своја линија за козметика за мажи во Британија. Успешен и секогаш на ниво.