Вежбањето ве прави попаметни… мит или вистина?

Веќе е познато дека редовното вежбање ве прави поздрави, посреќни и позгодни. Но, дали знаевте дека исто така може да ве направи попаметни? Направено е истражување на млади, здрави мажи кои биле поделени во 4 групи со различен распоред на вежбање, на кои по 4 недели им бил направен тест за меморија и психолошки тестови.

Првата група вежбала секој ден, дури и на денот на тестот, како и втората, не но вежбала на денот на тестот. Третата група само по еден ден, а мажите од четвртата група не вежбала воопшто.

Најдобри резултати дала првата група, онаа која вежбала на денот на тестот. Се докажало дека вежбањето кај 60% од луѓето е одговорно за експресија на ген кој помага во мозочната активност, учењето и меморијата – мозочен невротрофичен фактор.

Важно е да се напомене дека важно е континуираното вежбање кое вклучува макар и умерено пешачење, а не ригорозни тренинзи. Физичката активност ја подобрува циркулацијата на крвта, побрзо де испорачува кислород до мозокот што го прави мозокот поактивен или “поостар”. Сега имате уште повеќе причини да излезете и да вежбате бидејќи не само што ќе бидете попаметни, туку ќе изгледате и далеку подбро.

А кога е подобро да вежбате наутро или навечер можете да прочитате на следниот линк.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.