Вечерва во Џентлмен Магазин гостин е Аљоша Симјановски

Вечерва во Џентлмен Магазин на МТВ1 ќе можете да го проследите разговорот со нашиот познат режисер, сценарист на документарни и играни филмови, новинар, публицист, клавијатурист и композитор, Аљоша Симјановски.

Роден е во Скопје, каде што и дипломирал на Филолошкиот факултет на УКИМ. Неговото работно искуство во Македонската радио и телевизија се протега низ 40 години, низ кои бил редакциски уредник, одговорен уредник на документарната програма и контактно-рекреативна програма, одговорен уредник на Првиот програмски сервис, како и в.д. извршен директор на МРТВ. Автор и режисер е на повеќе документарни филмови, меѓу кои и „Сестри“ (1992), „Менка“ (1996), „Чедо“ (2009), на краткиот игран филм „Мојата љубов Чарли Паркер“ (1994) и на играните филмови „Пикасо“ (1987) сценарио, режија, музика и „Стапица“ сценарио и режија – музика (2007), како и на книгите „Хипер живот“ (2012), „Мерил Стрип во Скопје 2014“ .

Во својство на режисер се потпишува на повеќе од 2500 ТВ-наслови од сите видови програми и жанрови – документарни и играни филмови, контактно-рекреативни, забавни, образовни и културни програми, директни преноси, меѓународни проекти, видеомостови, програми од информативниот сектор, особено забележителни во периодот на осамостојувањето. Kако автор на документарни филмови и проекти има остварено над 150 документарни единици во продукција на Македонската телевизија и „Вардар филм“. Учествувал во официјални селекции на фестивали во Амстердам, Берлин, Токио, Петербург, Букурешт, Билбао, Бијариц, Тајпеј, Kраков. Добитник е на повеќе награди како „Бронзен змеј“ на фестивалот од прва категорија во Kраков 1992 г., специјална награда за документарен филм на фестивалот во Токио 1994.

ФОТО: YouTube / Literatura.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.