Оваа среда не го пропуштајте финалното издание од првата сезона од Џентлмен Магазин. Сезона во која што успеавме да собереме голем број на џентлмени и луѓе од кои научивме многу.
54 емисии, 54 недели, се трудиме да направиме една поубава слика за секој од нас, за секој од вас, да бидеме пример за негување на добри навики, начин на успех, да бидеме реализиррани и сполнети.
54 емисии каде зборуваме за важноста и значењето на зборот Џентлмен, и што е она што го носи.
Се надеваме, како продукција и како тим на луѓе, дека успеавме да направиме многу за секој од вас и дека најдовте барем една причина да бидете подобра верзија од самите себе.
Благодариме до сите кои беа вклучени, до Слаџо, до Аце, до Ноки и Ѓурак, до Славчо, до Драган, до Злате, до Маки.
Голема благодарност и до Жарко Димоски човекот кој неуморно ве водеше во светот на џентлмените.
Се гледаме наскоро со втора сезона. Бидете џентлмени секогаш и секаде, без разлика на се. Добрите навики носат големи прилики.
СРЕДА (17.11.2021), 21:20 ЧАСОТ, МРТ1
#бидиџентлмен#негувамедобринавики
Продукција: Фрајдеј Комуникации