Кулинарство, џентлменска професија. Многумина сте слушнае за Ентони Борден, за Џејми Оливер, за Гордон Ремзи, професионални готвачи кои се познати надалеку. Но, и ние имаме нешто со кое што може да се пофалиме. Филип Поповски, или Фичо, познат под псевдонимот Готвиме со Фичо, дипломиран правник и магистер по право, кој успешно се снаоѓа во кујната.
Филип е човек кој ќе ве натера да ја засаката храната и да ја гледате со други очи. Пред неколку недели ни беше гостин во Џентлмен Магазин каде со Жаре, зборуваа на многу теми, не само за храната и кулинарството. Нема да ви раскажуваме многу, туку ќе ве оставиме да уживате во целата емисија од Џентлмен Магазин.