Водич за џентлемни: Зошто некои велат дека црвеното вино е здраво?

Иако се препорачува да не се пие алкохол, според мислењето на лекарите црвеното вино е здраво. Тие препорачуваат до две чаши на ден за мажите. Благодарение на изобилство од фитонутритиенти кои се природни хемикалии, виното помага во подобрување на сигнализацијата на клетките и антиоксидантната активност. Црвеното вино има околу 5 пати повеќе фитонутритиенти од белото, велат експертите. Нивото на фитонутритиенти може да се провери на наједноставен начин, со држење на чашата до светло. Колку помалку светлина се појавува, толку подобро. На списокот на најздрави вина спаѓаат Pinot Noir, Cabernet Sauvignon, Cabernet Franc и Merlot.

Кардиоваскуларен систем

Студиите покажале дека умереното внесување на алкохолни пијалоци посебно виното, го намалува за 14 до 25 % ризикот од кардиоваскуларни заболувања во споредба со апстинентите. Црвеното вино може да помогне во намалување на холестеролот. Причината е ресвератрол, фитонутритиент кој делува како антиоксидант и антиинфламаторно.

Превенција од карциноми

Внесот на ресвератрол еднаков на две чаши црвено вино ја намалува можноста за појава на тумори на дебело црево дури за половина. Една од причините е што тој помага да се намали оштетувањето на ДНК-то, што е почеток на карциномот.

Подобар вид

Конзумирање на црвено вино го намалува и ризикот за проблеми со очите, како масна дегенерација поврзана со возраста, дијабетична ретинопатија и катаракта. Умереното внесување на вино ја намалува инциденцата за околу 50%.

Невролошко здравје

Умерено конзумирање кај млади луѓе покажало дека не ја нарушува способноста за учење. Исто така ја намалуваат за 23% веројатноста за појава на деменција, Алцхајмерова болест и други когнитивни нарушувања.

Подолг живот

Црвеното вино нема да ве направи бессмртни, но е поврзано со намалување за 17% на ризикот од смрт од било која причина. Сепак имајте на ум дека ова треба да биде умерено и количински и временски.

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и за придобивките од пиењето на кафе

Leave a Reply

Your email address will not be published.