Водич за џентлмени: Како да се носите во текот на неделата како Рајан Гослинг

Не е никаква новост дека мажите се повеќе и повеќе водат грижа за својот изглед без разлика за каде се подготвуваат. Мажите многу често сакаат да експериментираат со својот стил и да внесуваат нови модни комбинации. Како што беше случај кај жените, денеска и мажите имаат мали маки со тоа што да облечат за новиот работен ден и како да се носат.

Затоа ние ви спремивме неколку модни комбинации како инспирација од холивудскиот актер Рајан Гослинг кои ќе ви се најдат како можност за идеја за секој работен ден.

Понеделник е прв работен ден од нелелата и тука треба да бидеме најспремни за нови предизвици. Затоа е важно да оставиме добар впечаток. Облечете костум и зрачете со елеганција.

Како што доаѓа наредниот ден, така и Вашите обврски се зголемуваат. Ако сакате да имате успешен вторник со позитивна енергија, можете да се одлучите за формален стил со кежуал момент. Познат како бизнис кежуал во комбинација од панталони, кошула, блејзер и вратоврска.

Според многу истражувања, најдобрите бизнис резултати и зделки се остваруваат во среда. Затоа овој ден можеме да одберем повторно помалку формална комбинација, но овој пат со класична поло маица и елегантни панталони.

Четврток е ден кога веќе полесно се движат работите и полека почнуваме да ја чуствуваме опуштеноста од крајот на работната недела. Затоа ви предложуваме еден поопуштен стил.

Последниот ден од неделата е наменет за кежуал стил. Тука веќе можете да ја избегнете и кошулата и да одберете нешто сосема опуштено. Добра фармерка, блуза, и сте завршиле работа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Италијанска модна икона – стилот на големиот Марчело Мастројани

Leave a Reply

Your email address will not be published.