Вредни награди за најдобрите во велосипедската трка Halk Velo Green организирана од Халкбанк

Уште само пет дена остануваат до затворање на пријавувањето за учество во годинешнава хронометар велосипедска трка Halk Velo Green, која, во организација на Халкбанк АД Скопје, ќе се одржи на 8 септември во Маврово. Сите вљубеници во велосипедизмот кои ќе учествуваат во трката ќе имаат можност да се рекреираат, да се дружат и забавуваат. Но и да се обидат да освојат некоја од вредните награди кои ги обезбеди Халкбанк и поддржувачите на настанот. 

И во годинешнава Halk Velo Green ќе се вози рута во должина од 22 км во правец Бистра – Леуново – Бистра, а учесниците и овојпат ќе се натпреваруваат во категориите ПРО и ХОБИ и тоа во машка и во женска конкуренција, со тоа што годинава за првпат се воведува и категорија ПРО Кидс за деца и младинци. 

Секој  учесник  во трката ќе добие стартен пакет со чип, освежување, онлајн диплома, бесплатни фотографии од трката (Pic2Go), подарок од пријатели на трката, осигурување од несреќен случај за времетраење на трката, како и медал за завршена трка.

За трите најдобри велосипедисти во секоја од категориите Халкбанк обезбеди вредни парични награди. Во категоријата ПРО и во машка и во женска конкуренција, најдобрите тројца ќе добијат парична награда во износ од 30.000 за прво место , односно 20.000 и 10.000 денари за второ и трето место. Во категоријата ХОБИ наградите се во износ од 12.000, 6.000 и 3.000 денари за прво, второ и трето место соодветно. Награди се предвидени и за најдобрите во двете детски категории и се во износ од 3.000, односно 2.000 и 1.000 денари и истите на дечињата кои ќе остварат најдобри резултати ќе им бидат уплатени на детска штедна книшка од Халкбанк.

Дополнително, вредни награди обезбедија и поддржувачите на трката. Осигурителната компанија Халк Осигурување за првите тројца најбрзи велосипедисти во секоја од категориите обезбеди осигурителни пакети. 

За најдобрите награди во вид на членарини и ваучери обезбедија и фитнес и спа центарот Parkland hospitality, а „енергетски пакети“ ќе бидат доделени од Polleosport, глобалната мултибренд продавница за исхрана и спортска и фитнес облека. 

Дополнитело признанија и награди од спонзорите ќе добијат и учесниците во трите возрасни катероии 40-49, 50-59, 60+ години.

Затоа, искористете ги овие пет дена, пријавете се на http://www.halkvelogreen.mk/ или на www.smartrace.club и дојдете на 8 септември во Маврово да се рекреирате, забавувате, а можеби и да освоите некоја од вредните награди. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Спортска серија на часовници од Huawei Watch 3

Leave a Reply

Your email address will not be published.