Говорот на телото е многу важен во бизнис светот

Дали знаете дека впечатокот кај другите луѓе најмногу го оставате со движења кои не ги забележувате многу. Вашата енергија, говорот на вашето тело и невербалната комуникација. Многу мал процент од впечатокот е од гардеробата и од она што го збориме.

Значи невербалната комуникација е многу важна како што кажавме и говорот на телото. Ако сакате да бидете озбилни или пак да бидете сериозно сфатени, самодовербата треба да зрачи од вас.

Пред се мора да знаете дека вашиот ум и вашето тело се поврзани и дека говорот на телото е во зависност од вашето расположение. Внимавајте на себе, внимавајте на тоа како седите, како говорите и како се движите.

Многу е важно каква позиција ќе направите кога ќе седнете (дали ќе прикажете офанзива или дефанзива), многу е важно како стоите (дали сте исправени или подгрбавени), важно е како се движите (односно како ги движите вашите нозе).

Кога ќе го научите вашето движење, гледајте да ги поправате од ден на ден бидејќи тие покажуваат колку сте полни со самодоверба.

Исто така многу важна работа е да се смеете и да бидете насмеани. Преку насмевката пренесувате порака дека сте задоволна личност.

Вежбајте и потрудете се.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.