Горан Цветинов, генерален директор на Нептун: Добар лидер е комбинација на две работи (ВИДЕО)

Во Џентлмен Магазин имавме можност да разговараме со човек кој е навистина успешен во животот. Горан Цветинов е џентлмен кој е школски пример за тоа како треба да се биде успешен и како треба да се креира патот кон тоа што го имате зацртано.

Започнува пред многу години да работи во Нептун, и буквално го поминува секое скалило. Среќен е што неговата компанија каде е тој генерален директор, нуди можност на сите млади, да го одат патот кој и тој го одел.

Како лидер, тој вели дека за да се биде добар лидер потребна е комбинација на две работи, нешто што се учи и нешто кое се има од раѓање. Организацијата е само дел од клучот за успехот. Вербата е исто така. Според Горан, најважна работа е интегритетот кај еден лидер, секако пропратена со чесност, искреност и доверба кои се исто така клучни, и кои се основна целина на еден лидер.

Кога сме кај џентлмените тој вели дека џентлмен е човек кој ги почитува сите. Не само дамите, како што многумина мислат. Негувањето на добрите навики се клучни за многу работи. Затоа да негуваме добри навики и да бидеме џентлмени.

Погледнете ја целата емисија со директорот на Нептун, Горан Цветинов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 5 начини да покажете дека џентлменството сеуште постои

Leave a Reply

Your email address will not be published.