Нашиот најголем фудбалер во историјата, кој ни ја донесе и најголемата радост досега на спортски план, Горан Гранде Пандев, вчера на прес конференција во пресрет на последниот натпревар од ЕУРО 2020 ја најави својата пензија од репрезентативниот дрес.
Пандев кој со Интер ја освои и Лигата на шампионите, со своите 38 години вели дека му е премногу напорно на два фронта, Калчо и репрезентација, и дека простор ќе остави на младите кои со себе носат голем потенцијал, а особено ги истакна Барди, Елмас, Алиоски, Ристовски, и ред други.
Горан Пандев минатата година ја освои и наградата Маж на годината за 2020 во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.
Ти благодариме за се што направи Гоче. Ти посакуваме успех понатаму, и не престенувај да го правиш она што најдобро знаеш да го правиш.