Дали ви е познат терминот “beauty sleep”? Луѓето веруваат дека е потребно доволно сон за да изгледаме подобро следниот ден. Но, научниците велат дека ова не е само верување, туку сега и докажан факт.
Научници од Универзитетот на Манчестер објаснуваат што се случува со кожата за време на сонот. Тие велат дека екстрацелуларниот матрих кој е дел од телото како и кожата е половина колаген. Нивото на колаген во нашите тела е комплетно оформен до седумнаесетта година.
Но, тој е составен од подебели влакна кои не се регенерираат и потенки кои се регенерираат само за време на ноќта. Овие влакна се токму тие што прават да изгледаме младо. Па затоа, доколку ви е важен изгледот, внимавајте да добивате и доволно сон.
ФОТО: Unsplash