Да се потсетиме кој сѐ беше победник на изборот на „Мажи на годината“ во изминатите 4 години

Оваа година традиционално по петти пат ќе се одржи настанот „Мажи на годината“, кој во претходните неколку години стана белег на успешните мажи во нашата држава. Настанот се одржува последната недела од месец ноември, месецот посветен на машкото здравје, а наградата се добива за целокупниот придонес во текот на годината.

На овој гламурозен настан, награди се доделуваат во 13 категории, но сепак само еден има можност да ја добие првата награда „Маж на годината“. Непосредно пред да се одржи и јубилејното петто издание, би сакале да се потсетиме кои се личностите што ја добија наградата „Маж на годината“ во изминатите четири години.

На првото издание во 2018 година , Доц. Д-р Владимир Чадиковски- Специјалист по детска хирургија и супспецијалист по детска кардиохирургија, кој со својата несебичност остава значаен белег во здравството кога се работи за најмладите.

„Ќе се потрудам да придонесувам во општеството уште повеќе и да се донесат во Македонија европските стандарди за третманот на деца“ – изјави по преземање на наградата.

Во 2019 година- Мислав Галер тогашен извршен директор во А1.
„Чест и задоволство е да се биде дел од овој настан, а уште поголема сатисфакција да се добие награда и вакво признание“ изјави тој по добивање на наградата „Маж на годината“.

Горан Пандев, нашата фудбалска гордост, неуморниот борец кој со своите 37 години ја однесе Македонија на едно големо фудбалско натпреварување заслужено ја доби наградата во 2020 година.

„Драго ми е што ја добивам оваа награда, но морам да кажам дека целата македонска репрезентација се мажи на годината! Благодарност до сите нив кои придонесоа за историскиот резултатот кој го постигнавме, и со кој ги израдувавме македонските граѓани. Се надевам дека тоа ќе биде поттик за сите спортисти во нашата држава“.

Додека пак на последното издание во 2021 година оваа награда ја понесе Проф. Д-р Сашко Јовев- еден од водечките кардиохирурзи кај нас, човекот кој го водеше тимот што ги изврши двете трансплантации на срце во земјава, човекот кој неуморно придонесува за подобар и квалитетен живот на граѓаните.

„Не бев изненаден кога ја добив наградата за општествени вредности, меѓутоа севкупната награда за “Маж на годината“ е навистина пријатно изненадување и навистина сум среќен што ја добив“ изјави тој.

„Горди сме што секоја година креираме настан со кој успеваме да им одадеме почит и внимание на оние кои оставиле белег во годината која е зад нас. И покрај сите предизвици со кои се соочивме во текот на годините, нашиот настан успеа да стане нешто по кое се препознаваат џентлмените, успешните и почитувани мажи, оние кои негуваат добри навики и целат кон успех во Македонија. Нашата цел е јасна, а таа е да нѐ мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме за донесување позитивни одлуки што влијаат на квалитетот на животот на мажите во Македонија.“ – велат организаторите од Џентлмен Магазин.

Традиционално, за оваа значајна награда ќе одлучува стручна жири комисија составена од 25 члена – новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, спортисти итн. За претстојниот настан има многу потенцијални кандидати за главната награда „Маж на годината“, но само еден ќе ја има честа да ја добие.

Leave a Reply

Your email address will not be published.