Сите го знаете легендарниот возач на Формула 1, Ники Лауда кој пред неколку години замина од овој свет. Тој имал трансплатација на белите дорбови, но на негова 70 годишна возраст, тој веќе не можел да издржи.
Тој има освоено три шампионски титули, а настапувал на 171 трка. Ќе биде запаметен во светот како возач кој преживеал страшна сообраќајка во која имал тешки телесни повреди.Постојат голем број ина интересни факти за овој легендарен возач на Формула 1, но ние ги издвоивме оние најинтересните.
Фамилијата на Ники Лауда не го поддржувала во тркањето. Тој потекнувал од навистина богата фамилија која не поддржувала ваков тип на спортови. Лауда со години се борел со својата фамилија за на крајот да ги прекине сите контактирања со неговата фамилија и да почне сам во потрага по своите соништа.
Дали сте слушнале за Џејмс Хант? Тој бил исто така Формула 1 возач кој бил најголем ривал на Лауда во тоа време. Она што е интересно е што во приватниот живот тие станале навистина блиски пријатели, а во еден период и живееле заедно…