Денеска нашиот тим ја пронајде Мадалина Генеа, една од најубавите девојки денеска која ги освојува модните писти и машките холивудски срца.
Поради нејзината единствена убавина, оваа 30-годишна дама од Романија ја споредуваат со убавицата Софија Лорен.
Романската манекенка со сензуален и заводлив изглед, Мадалина Генеа, во последно време ги полни медиумите со информации за нејзината врска со Вит Шнабел, кој пред неа сакал многу од познатите дами.
Италијанката која славата ја стекна во златното доба на Холивуд и понатаму важи за една од најубавите жени на светот, позната по своите бујни облини и усни како и заводливи погледи под долгите црни трепки.
Мадалина, која снима кампања за долна облека и често позира во разголени изданија досега во својот љубовен живот “уловила“ двајца славни холивудски заводници, Леонардо ди Каприо и Жерард Батлер, но нивните врски не траеле долго.