Дојде денот, 14.12.2021, вторник, кога ги бираме најуспешните мажи на годината во Македонија. Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации 4та година по ред успешно го организираат еден од најатрактивните настани, кој се одржува во повеќе од 70 земји низ светот.
Иако се наоѓаме втора година во пандемија и се бориме со една од најголемите закани врз човештвото, времето за радост, не треба да не одминува и покрај сите маки со кои се соочуваме. Затоа, оваа година се враќаме во она наше препознатливо светло, каде сите ние, на една гала вечер, ќе ги избере најуспешните за 2021 година.
DoubleTree by Hilton Skopje е местото на гламурот, каде ќе се соберат најуспешните. Традиционално ќе уживаат во водителката кја е со нас од самиот почеток, Миа Костова, но оваа година појачана со актерот и водител Жарко Димоски. Вистинско џентлменско шоу во кое ќе уживаат сите гости. Ќе има и едно супер изненадување за сите присутни.
Спонозри на настанот оваа година се Бадел со своите пијалоци Антик и Блек, Фешн Груп и брендот Дан Џон, кој за прв пат се појави на нашите простори оваа година. Настанот е поддржан и од страна на Голд Фелициа, СН Брокер, Пивара Скопје, Амстел и Швепс, и многу други кои помогнаа за реализација на овој настан.
Како и секоја година, така и оваа, имаме еден добитник кој е во избор на јавноста преку гласање на социјалните медиуми. Наградата оди во рацете на Борче Стаменов, човекот кој подарува компјутери на оние кои им требаат.
13 награди, 13 наградени, еден со главната титула Маж на годината. Да бидеме џентлмени, да негуваме добри навики. Да се биде џентлмен е начин на живот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: БОРЧЕ СТАМЕНОВ Е МАЖ НА ГОДИНАТА ЗА ВО ИЗБОР НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ЗА 2021 ГОДИНА