Дознавме кои модни совети мажите треба да ги практикуваат додека работат од дома

Во време на карантин и пандемија имаме време за се и сешто. Од дома можете да имате поголема контрола над тоа што го носите. Не мора да одите во канцеларија, значи дека имате поголема слобода со вашата мода.

Сепак, и ако работите од дома стилот е важен, и не дозволувајте било што да влијае на тоа. Затоа, гардероберот на секој маж треба да содржи неколку добро изработени парчиња кои му помагаат да изгледа професионално дури и кога работите од дома.

Држете се до едноставноста – Чувајте ги графичките елементи и трендовски модели во гардероберот. Бидете едноставни, но не постојано.

Не ја отфрлајте целосно формалноста – Убавината на работата од дома е тоа што можете да прифатите да бидете елегантни исто како да сте на работа, или во најмала рака така да се чувствувате. Но, дотерувајте се без разлика на се, сепак тоа е мотивација плус за секој од вас и ќе бидете повеќе фокусирани и посветени на работата.

Работењето од дома не значи дека ќе бидете невидливи – Клиентите може да имаат загриженост за некои работи што не може да се решат преку телефон, состаноците за ручек сепак се случуваат, и може да ги интервјуирате кандидатите, доколку имате одговорности за вработување.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.