Џентлмен Магазин, продолжува да ги претставува македонските џентлмени. Оваа среда имаме чест и задоволство да разговараме со Дуке Бојаџиев.
Дуке Бојаџиев е композитор на филмска музика, продуцент и пијанист. Има медицинска диплома верувале или не, но и огромна пасија кон музиката, која го носи онаму каде што е сега.
Живее во Њујорк каде работи како филмски композитор. Досега има работено со режисери добитници на Оскар како што е Џонатан Дем и Данис Тановиќ, како и кандидатите за Оскар, Столе Попов и Веjко Булајиќ.
Има освоено многу награди, но нема да зборуваме денеска многу за него, ќе оставиме во среда од 20:45 да погледнете вие самите за каков џентлмен се работи. Чести ни беше Дуке.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Горан Цветинов во Џентлмен Магазин