Еве зошто треба да инвестирате во нов рачен часовник

Добро знаеме дека мажите се зависни од рачни часовници. Но, со растот на продажбата на мобилните, некако како да спадна еуфоријата кон рачниот часовник. Затоа ние сме тука за да ве потсетиме зошто секој прав господин, со добар стил, мора да носи рачен часовник. Се на се, имаме 5 јасни причини за тоа.

  1. Беспрекорна точност –  рачните часовници се тие што ве водат низ денот, а не смартфоните. Честопати ќе слушнете како некој вели дека не му треба рачен часовник затоа што си има телефон со истата намена. Тоа не е точно, затоа што телефонот не го носите насекаде (се надеваме) како на пример на плажа, во кино, на скијање и слично. А да не збориме дека пофраерски е да гледате колку е саат на рачниот часовник, а не на мобилниот.
  2. Функционалност – се што е користено од војската е корисно. Така и рачниот часовник. Затоа може да видиме како алпинистите, нуркачите, астроанутите, пилотите… сите носат рачни часовници адаптирани на нивните потреби. Не постои професија на која не и треба фунционален рачен часовник.
  3. Тие се едноставни – најфраерските рачни часовници не трчаат по најновите измислици на технологијата. Тие се едноставни, модерни и ја вршат основната функција. А знаете дека минимализмот е се по популарен во светот на модата.
  4. Часовникот е доказ дека сте човек со стил – се што треба да направите е да ја прашате најблиската женска особа до вас, што е попривлечно – маж со рачен часовник или маж без рачен часовник. Одговорот веќе го знаете!
  5. Традиција и историја – изработката на часовници од секогаш потсетувала на точност, прецизност и одговорност. Носењето на рачен часовник прави да бидете еден чекор пред другите. Секогаш ќе биде попрегледно само да погледнете кон вашиот зглоб, него да го вадите вашиот смартфон од актовката или џебот.

Не за џабе постои една изрека од големите производители која гласи: Часовникот не се купува, тој се подарува!

Leave a Reply

Your email address will not be published.