ЕДНО ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ИМИЊА ВО СВЕТОТ НА ПУРИТЕ РОКИ ПАТЕЛ ГОСТИН ВО СКОПЈЕ

Роки Пател (Rocky Patel), еден од најголемите производители на пури во светот, на 09 септември ќе биде гостин во Скопје.

Хечо а Мано Цигарс (Hecho a Mano Cigars), кој е овластен увозник на брендот Роки Пател во Македонија, ќе ја има честа да го удостои овој виртуоз на рачно изработените пури.

“На наше огромно задоволство, на 09 септември доаѓа еден од најголемите личности во светот на пурите. Роки Пател е лидер во светот на премиум пурите, и борец за правата на уживателите со хедонистички навики.” 

Роки Пател е главен спонзор на првиот официјален светски натпревар во споро пушење на пури во светот (CSWC). Во своето портфолио има огромен број на пури од Хондурас и Никарагва, а во изминатите години е познат по борбата со ФДА (FDA), која конечно ја издвојуваа производителите на пури во светот со американската регулативна агенција за храна и лекови.

Ракеш „Роки“ Пател е роден во Индија во 1961 година, но живеел и работел во Лос Анџелес како адвокат na познати ѕвезди во шоу бизнисот, каде се запознал и работел со бројни познати личности, а воедно и уживатели на пури, како Арнолд Шварценегер, Жан Клод Ван Дам, Харисон Форд и други.

Leave a Reply

Your email address will not be published.