Колку е потребна емоционалната интелигенција за успех во бизнисот?

Светот на бизнисот се разликува во голема мера од многу останати полиња во животот. За разлика од секојдневниот живот, во „бизнис светот“ поседување емоционална интелигенција може да биде суштински фактор за успех и издвојување од мнозинството на луѓе кои ги имаат истите цели. Но, за да зборуваме на оваа тема, најпрво би требало да разграничиме што подразбираме под терминот „емоционална интелигенција“.

Што е емоционална интелегенција?

Академците Џон Маер и Питер Саловеј го вовеле терминот емоционална интелегенција во раните 90-ти минатиот век, а истиот бил популаризиран од писателот Даниел Колман кој издал многу бестселери.

Постојат два главни дела на емоционалната интелигенција. Првата е лична компетентност. Ова значи да се поседува свесност за самите себеси, а тоа е способноста да се разликуваат емоциите кои ги чувствуваме и начинот на справување со нив. Исто така, способноста да се менаџира влијанието на средина на вашите емоции. Второ, луѓето кои поседуваат добра емоционална интелигенција имаат социјална компетентност. Ако го поседувате ова, вие сте добри во разгледување на динамиката во социјалните ситуации и модифицирање на сопственото расположение и однесување за подобрување на социјалните сценарија и односи.

Еден од најдобрите пример на емоционална интелигенција е способноста да се читаат емоциите од лицата на луѓето. На пример, ако видете некоја личност која е тажна или нервозна без тие тоа да го покажат, вие ќе ја имате способноста да одговорите соодветно. Колман вели дека емпатијата и способноста да ги оставиме нашите телефони, да ги исклучиме нештата што не деконцентрираат и вистински да се посветиме на личноста со која се поврзуваме е неверојатно моќно.

Колку е потребна емоционалната интелигенција во светот на бизнисот?

Една од карактеристиките на високо ниво на емоционална интелигенција е способноста да се остане смирен и да се гледаат нештата јасно кога се работи под притисок.

„Кога сме способни да ги разбереме емоциите на вработените, тогаш можеме да го разбудиме најдоброто во нив“ вели Колман.

„Ако имате улога на менаџер, 60 до 80% од вашето време ќе го поминувате помеѓу други луѓе. Способноста да се формираат позитивни односи е клучна. Работодавците и секој од кој се бара интеракција на работното место имаат поголеми шанси да креираат попријатна работна атмосфера ако не секогаш ги ставаат своите емоционални потреби пред оние на соработниците и вработените. Потребна е способноста за емпатија, паузирајте и обидете се да ја разберете перспективата на другиот, зошто се налутени или вознемирени. Да се биде смирен и со разговор да се реши една ситуација може да направи огромна разлика“ изјава дадена од професор Ноблет, професор на бизнис школо во Деакин, Австралија.

Како може да ја подобрите вашата емоционалната интелиција?

Првиот чекор е идентификување на сопствените емоции, нивно менаџирање и искажување на правилниот начин. Но најважно од се е пронаоѓање на мотивацијата. Како што вели и професорот Ноблет, една од најважните работи при оваа тематика е да имате разбирање за секој аргумент, да ги разбирате чувствата на другите, треба да целите да ги намалите конфликтите така што ќе бидете тимски играчи и ќе бидете на повисоко ниво на професионалната скала/

Leave a Reply

Your email address will not be published.