Жарко Димоски изгледаше феноменално во костум од Дан Џон (ФОТО)

Мажи на годината е настан во форма на гала настан, и токму таа тежина на настанот придонесува секој гостин да изгледа онака светски како и што доликува за официјалниот избор на Мажи на годината за 2021.

На настанот во DoubleTree by Hilton Skopje, секој од гостите речиси и да беше на нивото на вечерта, но имаше исклучоци кои не ја препознаваат тежината на истиот и беа неприкладно облечени. Но, за тоа во друга прилика.

Водителот на настанот, Жарко Димоски, како и секогаш беше на ниво на задачата, не само во делот на водењето на манифестацијата, туку и во тоа како треба да се изгледа за еден ваков настан. Облечен во врвно одело од новиот бренд на нашиот пазар, кој ни го донесе Фешн Груп, Дан Џон (Dan John).

Станува збор за италијански бренд за машка облека кој има повеќе од 100 продавници низ светот, а пред брзо време пристигна и кај нас, благодарение на Fashion Group Macedonia. 

Брендот Dan John има високо реноме и е вистински синоним за елеганција и машкост. Тој е спој на традиционалната мода и модерните трендови, комбинација од токму она што му е потребно на секој џентлмен. Мажи на Годината  е настан кој стана препознатлив белег на џентлмените, на мажите кои негуваат навики кои носат до успех, на хедонизмот, на општествената одговорност, и токму затоа веруваме дека Dan John е бренд кој е наменет за оние кои веруваат во успехот.

Секоја чест за Жаре, и неговиот начин на облекување, кој е одраз на вистинските џентлмени.

ФОТО: Драган Митревски // Џентлмен Магазин

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Голд Фелициа со феноменално шоу на Мажи на годината 2021 (ФОТО)

Leave a Reply

Your email address will not be published.