Овие осум работи не ги прават зрелите мажи

Мажите честопати остануваат детинести, па некои жени често знаат да кажат дека мажите и по бракот „во себе имаат уште едно дете“. Во секој случај, за секоја жена многу е важно мажот да биде стабилна личност кој има цврсти ставови и знае да се справи со секоја ситуација без разлика на нејзината тежина.

Жените сакаат стабилни мажи покрај кои можат да осеќаат сигурност и привлечност, а тоа можат да го добијат само од оние кои знаат што сакаат, и мажите кои ги негуваат вистинските вредности.

Според психолозите зрелите мажи се препознатливи по тоа што никогаш не ги прават овие осум работи:

  1. Не прават работи само да ги задоволат другите

Младите мажи честопати знаат да прават некои работи само да ги задоволат другите: девојката, пријателите, новото друштво. За разлика од овие „незрели“ мажи, зрелите мажи немаат потреба да менуваат свои ставови за да се допадна на некој – тие се свесни и спремни да застанат зад својот избор и не прават се‘ по секоја цена да задоволат други луѓе.

2. Не бараат совршена жена, без мана

Многу врски се прекинуваат бидејќи парнерите сакаат меѓусебно идеализирање, а потоа се разочаруваат. Доколку мажот е зрел тој не бара совршена жена, туку бара реална жена која е способна и зрела за сериозни одлуки. Зрелиот маж е спремен да направи компромиси со жената и честопати да се прилагоди на нејзините барања.

3. Немаат разбирање кон својата жена

Зрелите мажи се свесни дека сите сме различни, а мажите и жените немаат ист поглед на некои работи. Тие треба да прифатат дека многупати жените имаат свои приоритети, а и многупати различни реакции на некои работи.

4. Секогаш се „злопамтило“

Една од најважините особини на секој зрел маж е да знае да ја контролира својата лутина и да знае што може да биде штетно за него и луѓето покрај него. Уште поважно е при евентуално кавга истиот да не биде злопамтило, да прифаќа извинување и да знае да живее со сите позитивни и негативни карактеристи на својот партнер.

5. Несигурни се во себе заради физичкиот изглед

Секој зрел маж свесен е дека иако треба да обрнува внимание на физичкиот изглед истиот не смее да биде поприоритетен од својот карактер. Исто така, секој маж треба да биде сигурен во себе без разлика како изгледа, а треба да знае да се справи со негативните коментари и истите да не му претставуваат проблем.

6. Не наоѓаат време за својата фамилија

Иако живееме во брз живот каде секогаш ни е потребно повеќе време, никогаш не смееме да заборавиме на нашето семејство. Токму со овој „предизвик“ за да се најде време за семејството се соочува и секој човек, а секој зрел маж и покрај обврските секогаш наоѓа време за семејството и луѓето кои му значат.

7. Дозволуваат понижување и малтретирање

Зрелите мажи се сигурни во себе, а ги почитуваат и сите други. Но, ако некој проба да ги понижува тие знаат да се справат со ова и даваат дознаење на оној кој се обидува да го направи тоа. Нивниот став, поглед, боја на глас го кажуваат јасно тоа и нема потреба за физичко насилство.

8. Секогаш глумат „мажишта“

Можеби најважна од сите карактеристики е последната, односно тоа дека зрелите мажи не глумат „мажишта“. Многупати знаеме да се сретнеме со тоа дека кај некои мажите егото е преголеми кажуваат дека можат да направат се‘ и не се соочуваат со реалноста. Зрелите мажи се реалисти, знаат кои предизивици можат да ги прифатат, а никогаш не ја понижуваат својата жена и не се претставуваат како семоќни и „појак пол“.

Драги дами, доколку вашиот маж ги исполнува сите горенаведени особини бидете сигурни дека покрај вас имате вистински џентлмен!

Leave a Reply

Your email address will not be published.