Започнува втората сезона на Џентлмен Магазин (ВИДЕО)

Цела една година, 54 емисии за џентлмените кај нас, зборуваме за добрите навики, за џентлмените, за стилот. Цела година на најдобар начин ги претставивме македонските џентлмени и како да бидеме подобри во сето она што го правиме.

Според она што можевте да го видите во првата сезона е дека вистински џентлмен секогаш треба да го дава најдоброто од себе, бидејќи така им дава почитување на луѓето околу нив. Вистинскиот џентлмен постојано работи. Луѓето кои не работат, обично се досадни и на самите нив им е досадно. Дознавте дека мора да бидете страствени, морате да се ангажирате и мора да придонесете на овој свет. Зборувавме за манирите. Тие се доста важни! Вистински џентлмен секогаш отвара врата на жената, го носи нивниот капут и станува кога луѓето ќе дојдат или ќе станат од масата.

Вистински џентлмен не е умислен, не е расистички или сексистички насочен и не ги цени луѓето по нивното минато. Дознавме дека вистинскиот џентлмен никогаш не носи шорцеви кога е во град. Тие се несоодветни и може да ги носите само на плажа или пак на спортски активности. Нели?

Среќни сме што придонесуваме за едно подобро општество за сите нас. Среќни сме што правиме се, за вас, за џентлмените.

Изминатата година ја завршивме успешно. И затоа од 22.12.2021 започнуваме со вториот дел од нашата приказна, приказната на џентлмените. Започнува втората сезона на Џентлмен Магазин на Македонската Телевизија, во нов термин од 21:20 часот.

Оваа сезона, втора по ред, ќе ви ги претставиме повторно македонските џентлмени, сите оние кои негуваат добри навики и начин на живот. Ќе имаме и школа за џентлмени, која ќе ви помогне со освети во секојдневните ситуации од аспект на стилот и модата, бизнисот, бон тон, и други совети.

Затоа бидете со нас, негувајте добри навики и бидете џентлмени во секоја прилика!

Leave a Reply

Your email address will not be published.