За мажи со стил: Ферари глисер направен од Рива, дизајниран од Енцо

Ферари е сон на секој маж, нели? Италијанска класика за оние мажи коки изнаат што е добро. Прв избор секогаш. Иако постојат и други брендови на автомобили кои прават спортски автомобили, Ферари е секогаш на пиедесталот.

Една од најголемите светски аукциски куќи Сотеби, стави на аукција еден од 40 произведени Ферари чамци направени од Рива, а ддизајнирани од Енцо Ферари.

Рива Ферари е произведен во 1990 година и важи за суперчамец. Изгледа едноставно, но бомбастично, како и што им прилега на Ферари моделите. Класична Рива однадвор, Тестароса одвнатре. Тоа е накратко за овој модел, а кажано доволно!

Секој модел од 40-те произведени има два мотори од по 390 коњски сили BPM ‘Vulcano 400’ V8 кој овозможува да лета над морето со брзина од 54 чвора или околу 90 километри на час.

Цената на моделот кој се најде на аукција е непозната, но знаејќи дека моделот не е во функција и мора да се поправа,  очекувањата околу цената не се големи, но кој знае. Ферари и Рива е спој на совршенство и италијанска перфекција. Според многумина на форумите поправката на моделот би чинела околу 100.000 евра.

ФОТО: Sotheby’s

Leave a Reply

Your email address will not be published.