На 03.05.2022 со почеток од 19:30 часот во Аудиокултура се одржа музичкиот настан ,,Звуците на Медитеранот”. Станува збор за настан од уникатен карактер, кој има посебна цел, да ги промовира убавините на медитеранската култура преку музиката и звуците кои самата таа ги нуди.
Проектот претставува вистински спој помеѓу уметноста и културата која што Медитеранот ја носи зад себе и ни ја доловува неговата убавина преку безвременските песни кои ги изведоа познатите македонски имиња од музиката сцена, меѓу кои како главни вокали настапија, Агни Авшар и Васил Ангелов, Филип Димишковски на пијано, Кирил Кузманов на саксофон и флејта, Иван Бејков на бас и музички координатор, Иван Петровски на гитара и Ратко Даутовски на перкусии. На овој прекрасен настан беа присутни и уживаа видни личности од јавниот и културниот живот во Македонија.
Настанот беше подржан од Град Скопје и Аудиокулутра, додека организатор на овој настан е Катерина Стевковска Станојевиќ, која е балетски професор и репетитор, со 28-годишно искуство како професионална балерина во “Македонска опера и балет” и сопственик на балетското студио „Реверанс“. Предава по руската техника Ваганова, која е најпрестижен балетски метод во светот. Катерина Стевковска Станојевиќ има освоено многубројни награди, меѓу кои: награда за проект во Наполи, награда во Рим и воедно се здобива со интернационален дипломатски коресподент за промовирање на медитеранската музика.
Покрај проектот, “Звуците на Медитеранот“, во богатото портфолио на Катерина Стевковска стојат и други голем број на проекти како што се “Мала Италија патува”, „Come fly with me“, „Есенски денови – Галичник“, како и проектот „100 години Куманово“.
Фотографиите од настанот се направени од Татјана Ранташа.