Оваа година се емитува втората сезона од емисијата „Џентлмен магазин“. Секој емисија доаѓаат различни гости кои зборуваат за џентлменството, начинот на живот, но и за приватни работи кои немаат простор да ги кажат во останати емисии, гостувања, или слично.
Претприемач, филантроп, поранешен политичар, економист и писател од кој може многу да се научи. Уживајте во 12-та епизода од Џентлмен Магазин каде гостува еден од најпознатите јавни личности во Македонија, Зоран Витанов кој преку еден џентлменски разговор ќе открие интересни работи за македонската јавност.
Доколку сакате да ги изгледате и другите емисии од Џентлмен Магазин може да ги пронајдете на нашиот Јутуб канал.