Зошто Вимблдон е најпрестижниот тениски турнир?

Самиот спорт тенис важи за еден елегантен спорт уште од многу одамна, но работите одат чекор подалекукога ќе дојде време за Вимблдон. Како најстар и најтрадиционален турнир, тој со себе носи една аура и престиж, не само кај играчите туку и кај публиката.

Историја

Овој турнир за прв пат започнал во 1877 година на истот место каде што е денеска. Што значи Вимблдон се одржува 140 години на иста локација. Со толку голема традиција и долговечност, самиот турнир добива една посебна слика.

Наследство

На овој голем турнир може да се видат голем број на светски играчи. Федерер, Надал, Агаси итн. Освен тоа, тука можеле да се гледаат најдобрите светски натпревари и ривалства. Сигурно дел од вас се сеќаваат на легендарното ривалство помеѓу Мекенро и Бјорн Борг во 1980 година. Ова ривалство беше толку големо што дури беше направен и HBO документарец. Вимблдон беше дом на натпреварот помеѓу Надал и Федерер кој важи за најдолгото финале на турнирот.

Формалност

Како многу работи, така и Виблдон важи за традиција и формалност. Турнирот знаете дека има строг дрес код, сите играчи мора да бидат во бело.

Респект

Во 1990 година, францускиот магазин Tennis surveyed разговараше со 108 тенисери и ги прашувале кој за нив е најпрестижниот турнир во светот. Најпопуларниот одговор бил Вимблдон.

Уште едната причина поради која ќе може да видите зошто овој турнир е толку ценет, е бројот на познатите личности кои доаѓаат да го гледаат. Познати спортисти, членови на Кралското семејство и познати холивудски актери се само дел од луѓето кои доаѓаат тука.

Парите

Оваа година Вимблдон имал буџет од 34 милиони фунти од кои 2,25 милиони биле за освојувачите.

© Gentlemanmagazin / Фото: Instagram

Leave a Reply

Your email address will not be published.