Зошто е добро еден џентлмен да знае повеќе од еден јазик

Англискиот јазик без сомнение е најупотребуван јазик во светски рамки, и неговото познавање некако како да стана задолжително во светски рамки. Како најзборуван јазик во светот води до некој заклучок на луѓето дека нема потреба да се учат други јазици, бидејќи скоро секој зборува англиски.

Со учење нови јазици вашето IQ расте
Студиите имаат докажано дека учењето нови јазици ја зголемува вашата мозочна способност, се менува вашата интелигенција како кога со вежбање формирате мускули. Учењето јазици ќе ви донесе огромен бенефит лично за вас.

Најуспешните мажи го имаат постигнато тоа
За оние кои сеуште не се убедени, погледнете ги во продолжение познатите личности кои зборуваат барем уште еден јазик плус. Основачот на Facebook, Марк Цукерберг учел кинески, додека пак основачот на Nestlé зборува шест јазици, познатиот глумец Том Хаделстон дури девет јазици. За најпознатите тенисери Новак Џоковиќ и Роџер Федерер познат е фактот дека знаат јазици толку колку што имаат освоено гренд-слем титули. Џоковиќ не само што зборува српски, туку и англиски, француски,италијански, а Федерер германски,англиски и француски. Недостатокот на време не го наоѓајте како изговор, ако они можеле да го постигнат тоа можете и вие!

Ќе стекнете повеќе почит
Да бидеме реални, да усовршите еден јазик, а камоли повеќе ви ја зголемува мотивацијата и кога знаете колку луѓе го постигнале тоа. Замилете го вашиот бенефит од постигнатиот успех. Познавајќи други јазици ќе придобиете повеќе почит каде и да одите, на патувања, ќе може да го разберете менито во ресторан без потешкотии, а само едно ‘bonjour’ за џенталмен не е доволно!

Ќе ја добиете девојката од соништата
Сликата на префинетост, едуцираност и маестрално добар вкус може да ја постигнете само со неколку добро изговорени зборови на француски јазик, а со ова нема сомнеж дека ќе оставите силен впечаток врз другите (да бидеме поконкретни, жените). Шармантната, убава и паметна девојка од вашите соништа? Има шанси таа да знае повеќе јазици или да не знае дури ни англиски, па вреди ли да се ограничувате само на еден јазик?

ФОТО: FreePik

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРСИРА: Како да оставите прв впечаток на џентлмен

Leave a Reply

Your email address will not be published.