Ако прашате кој е „најлошиот“ ден во неделата многумина без размислување ќе кажат понеделник. До некаде ова е сосема разбирливо бидејќи секој понеделник луѓето се враќаат на работа, а на тој начин започнуваат нови обврски, тешки задачи, премногу работа и уште многу слични работи кои создаваат нервоза.
Но, иако поретко, сепак постојат и некои луѓе кои понеделникот го сакаат и воопшто не се противат кога ќе се спомене овој ден во неделата. Тие понеделникот го гледаат како можност, наместо како обврска. Според нив понеделникот е шанса за да се докажат, да ги исполнат своите соништа.
Да зборуваме реално, понеделникот воопшто не е лош ден и можете да го направите да биде ваш омилен ден во неделата. За да го направите ова, потребно е да направите промени. Ако е потребно станете порано за мирно да се подготвите за работната недела и обврските кои ве очекуваат. Понатаму, важно е да не бегате од одговорност бидејќи одложувањето на обврските честопати ви наложува внатрешен немир и се чувствувате дека сте во хаос. Среќата барајте ја во малите нешта и пронајдете нешто на кое ќе му се радувате. Тоа може да биде вашето утринско кафе, некој убав десерт, средба со пријател, или пак можеби некој мини шопинг како на пример купување на вашиот омилен парфем. Бидете самите вие на прво место и не дозволувајте никој да ви препречи во исполнување на вашите цели. Понеделникот ќе ви биде уште поинтересен доколку пронајдете интересни активности и начини на кои ќе го поминувате слободното време, а кои не се однесуваат само на работата. Пример за тоа би било спа третман, посетете го вашиот фризер, одете со вашата партнерка во кино, билјард или слично.
Многумина велат: „не е проблем во понеделникот, туку во работата која не ја сакате“. Се согласуваме со ова, но да бидеме попрецизни понеделникот може навистина да ви биде интересен доколку направите промени. Започнете од самите вас и отсега понеделникот нека ви стане омилен ден во неделата.